Сакате да станете Графички Дизајнер и да имате динамична и креативна работа?
Сите кои сакаат да работат како графички и креативни дизајнери, особено е важно да разберат дека со завршување на курс за некоја графичка програма како Adobe Photoshop или Adobe Illustrator, не се станува графички дизајнер, туку со тие курсеви се учат алатките за изработување на графички дизајн. И покрај тоа што ќе научите како се користат алатките за модерен графички дизајн, мора да ги научите и правилата и теоријата за изработка на графички решенија за вашите дела да бидат убави за секоја публика. Ова е задолжителен курс за сите кои што се решиле да земат обуки за Photoshop и Illustrator и сакаат да креираат креативни решенија бидејќи со помош на теоријата на графичкиот дизајн, ќе научат како да прават професионални дизајни и да најдат добра работа како графички дизајнери. Во основите на графичкиот дизајн ќе научите како да изработувате логоа, визит карти, меморандуми, флаери, плакати и постери, како да користите правилно фонтови и боја, како да дизајнирате за социјални мрежи, веб страни и слично. Ќе научите како да ги спремате вашите дизајни за да бидат убави за секое око.
Што ќе научите?
- Вовед во графички дизајн
- Форми и Бои
- Типографија
- Работа со гридови
- Изработка на лого и корпоративен идентитет
- Изработка на флаер или брошура
- Изработка на постер
- Дизајн за социјални мрежи
Секој од учесниците во оваа обука ќе добие сертификат за завршена обука во дигитална и печатена форма.
За учество во нашите обуки задолжително е да имате сопствен лаптоп компјутер.
За кого е наменета оваа обука?
Ако сте:
✓ Ентузијаст кој сакаат да научат вештина која ќе им обезбеди подобра иднина
✓ Индивидуа која сака да стане графички дизајнер
✓ Инфивидуа која сака да стане веб дизајнер
Или едноставно сакате да ги искористите можностите кои ги нуди знаењето на Графички Дизајн, да започнете ново хоби или кариера во креативната индустрија, тогаш оваа обука е наменета за Вас.
Почеток
Секој месец
Должина
1 месец
Број на часови
24 часа x 45 минути
Цена
24 000 14 999ден
Враќање на инвестицијата
Веднаш, со првиот изработен проект за клиент.
