Сакате да научите како ефективно да водите интернет маркетинг на Facebook и Instagram за Вашиот бизнис или за клиенти?
Со учество во нашата обука ќе научите како правилно да креирате маркетинг кампањи на Facebook и Instagram кои навистина ќе можат да допринесат во развој на бизниси и зголемување на продажба на производи и услуги за Вашиот бизнис или за Вашите клиенти.
Секојдневно сме преплавени со реклами, кои најчесто во дигиталниот простор остануваат незабележани и заборавени, бидејќи не се дизајнирани, осмислени и пласирани на соодветен начин, за да допрат до вистинската целна група и да предизвикаат емоција кај неа.
Без разлика дали сте сопственик на бизнис, блогер, маркетер, студент или едноставно сакате да го совладате предизвикот наречен онлајн рекламирање, со оваа обука ќе научите како да креирате добра реклама и како да ја пласирате пред вистинската публика.
Ќе разберете зошто Facebook и Instagram рекламите се сметаат за едни од најмоќните алатки за растот на еден бизнис, употребувајќи ги прецизно за вашите потреби или потребните на вашите клиенти.
Секој од учесниците во оваа обука ќе добие сертификат за завршена обука во дигитална и печатена форма.
За учество во нашите обуки задолжително е да имате сопствен лаптоп компјутер.
За кого е наменета оваа обука?
Ако сте:
✓ Ентузијасти кои сакаат да научат вештина која ќе им обезбеди подобра иднина
✓ Сопственици на мали или средни бизниси сакаат да ја зголемат продажбата со ефективни маркетинг кампањи на социјални мрежи
✓ Инфлуенсер коj сака да се промовира себеси на интернет
✓ Професионалец или фриленсер кој сака да го промовира своето хоби или професија на интернет
✓ Блогер и сопственик на портал
✓ Маркетер
✓ Графички Дизајнер
Или едноставно сакате да ги совладате можностите кои ги нуди маркетингот на Facebook и Instagram, да започнете ново хоби или кариера во адвертајзинг индустријата, тогаш оваа обука е наменета за Вас.
ПРОМОТИВНО – УНИКАТНА МОЖНОСТ ДА ДОБИЕТЕ ПОПУСТ НА ОБУКИТЕ ДО 100%!!!
Секој што ќе донесе најмалку 2 учесници во обуката со него, добива 20% попуст на неговата обука.
Секој што ќе донесе најмалку 3 учесници во обуката заедно со него, добива 50% попуст на неговата обука.
Секој што ќе донесе најмалку 4 учесници на обуката заедно со него, добива 100% попуст на неговата обука.
Промоцијата важи само доколку сите учесници кои доаѓаат заедно се пријават за иста обука и ист термин!
Почеток
Секој месец
Должина
1 месец
Број на часови
24 часа x 45 минути
Цена
18 000 9 999ден
Враќање на инвестицијата
Веднаш, со првиот изработен проект за клиент.
