Изработка на интернет продавница

Сакате да научите како да изработувате интернет продавници, но не знаете од каде да почнете?

Со учество во нашата обука ќе научите како самостојно да изработите интернет продавница, да управувате со неа и да продавате онлајн, дури и да немате никакво предзнаење од оваа област.

Важно: За да можете да учествувате во оваа обука, задолжително е прво да ја поминете обуката за “Изработка на веб страна во WordPress“.

По успешно завршување на обуката за Изработка на веб страна во WordPress, преку  обуката за Изработка на интернет продавница ќе се фокусирате на изработка на целосно функционални решенија за онлајн продажба. Никогаш не било подобро време да ја совладате оваа вештина, бидејќи интернет продажбата буквално го освојува светот. Најголемите брендови насекаде ги затвораат своите скапи ланци на продавници и се фокусираат на онлајн продажбата. Тоа е одличен показател за тоа дека оваа индустрија допрва ќе го доживее својот највисок стадиум. Со вашата онлајн продавница не сте ограничени локално да продавате, туку буквално целиот интернет е ваш потенцијален пазар каде можете да ги пласирате своите производи или услуги.

Оваа обука е одлично место од кое можете да влезете во светот на интернет продажба, да направите сопствена интернет продавница за себе или вашиот бизнис, или можеби да се научите како да изработувате интернет продавници за клиенти.

Што ќе научите?

  • Запознавање со WooCommerce
  • Инсталација и конфигурација на WooCommerce онлајн продавница
  • Внесување на производи
  • Конфигурирање на цени
  • Конфигурирање на класи за достава
  • Конфигурирање на начин на плаќање
  • Поставување на маркетинг алатки
  • Управување со нарачки

Секој од учесниците во оваа обука ќе добие сертификат за завршена обука во дигитална и печатена форма.

За учество во нашите обуки задолжително е да има сопствен лаптоп компјутер.

За кого е наменета оваа обука?

Ако сте:

✓ Ентузијаст кој сака да научи вештина која ќе му обезбеди подобра иднина

✓ Сопственик на мал или среден бизнис и сакате сами да си креира интернет продавница

✓ Маркетер

✓ Графички Дизајнер

✓ Веб Дизајнер

Или едноставно сакате да ги совладате можностите кои ги нуди WordPress и интернет продажбата, да започнете ново хоби или кариера во изработка на WordPress интернет продавници, тогаш оваа обука е наменета за вас.

  • Почеток

    Секој месец

  • Должина

    1 месец

  • Број на часови

    24 часа x 45 минути

  • Цена

    24 000 14 999ден

  • Враќање на инвестицијата

    Веднаш, со првиот изработен проект за клиент.