Развој на Маркетинг Стратегија

Сакате да успеете во работите кои ги имате замислено?

За да успеете во некоја работа, мора најпрвин да ги поставите вашите цели.По поставување на вашите цели, потребно е да направите план и стратегија како да стигнете до нив и да се држите до тој план. Без вистински план и стратегија не постои успех во ниту една дејност, па ни во маркетингот. Затоа е од исклучителна важност сите маркетинг активности за една компанија да се постават во согласност со целите и можностите на компанијата, како и нејзината целна група на потрошувачи. На оваа обука за развој на маркетинг стратегија, ќе се научиме како да размислуваме маркетиншки, како да допреме до саканата целна група, да комуницираме на вистинскиот начин со неа, во вистинско време и да ја убедиме да ги купи нашите производи или услуги.

Што ќе научите?

  • Што претставува маркетинг стратегија
  • Поставување на маркетинг цели
  • Развој на маркетинг стратегија согласно бизнис модел
  • Анализа на конкуренција SWOT
  • Однесување на потрошувачите
  • Ценовно позиционирање на пазарот
  • Избор на канали за комуникација
  • Контент стратегија
  • Адвертајзинг стратегија
  • Мерење на резултати

Секој од учесниците во оваа обука ќе добие сертификат за завршена обука во дигитална и печатена форма.

За учество во нашите обуки задолжително е да имате сопствен лаптоп компјутер.

За кого е наменета оваа обука?

Ако сте:

✓ Ентузијасти кои сакаат да научат вештина која ќе им обезбеди подобра иднина

✓ Сопственици на мали или средни бизниси сакаат да ја зголемат продажбата со ефективни маркетинг кампањи на социјални мрежи

✓ Инфлуенсер коj сака да се промовира себеси на интернет

✓ Професионалец или фриленсер кој сака да го промовира своето хоби или професија на интернет

✓ Блогер и сопственик на портал

✓ Маркетер

✓ Графички Дизајнер

Или едноставно сакате да ги совладате можностите кои ги нуди маркетингот на Facebook и Instagram, да започнете ново хоби или кариера во адвертајзинг индустријата, тогаш оваа обука е наменета за Вас.

  • Почеток

    Секој месец

  • Должина

    1 месец

  • Број на часови

    24 часа x 45 минути

  • Цена

    46 000 29 999ден

  • Враќање на инвестицијата

    Веднаш, со првиот изработен проект за клиент.